EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

МЗ: Вчера се аплицирани 13 493 вакцини, 30 отсто од населението од 18 до 39 години примило барем една доза

Кај населението над 40 години, процентот на вакцинирани барем со една доза изнесува 55 отсто
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се 13 493 вакцини. Повеќе од нив, биле за ревакцина, додека прва доза примиле 2 057 граѓани, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Во државата вкупно досега се употребени над 1,4 милиони дози, а ревакцинирани се 647 769 граѓани.

„Со последните бројки 55 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30 отсто од населението од 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“,

велат од МЗ.
Здравствените власти потсетуваат дека граѓаните може да се вакцинираат без закажан термин во постоечките вакцинални пунктови низ државата, како и дека за децата на возраст од 12 до 18 години потреба е согласност од родител.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Од денеска парно греење за скопјани

Angela

Зеленски посети два града во близина на линијата на фронтот

Angela

Вака тверка, меша и ниша со колкови водителката на утринската програма: Јована Јеремиќ во ултра кус „минич“ ги покажа телесно-танцувачките квалитети

Angela