EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Милан Станковиќ повторно „се фати“ за микрофон

Пејачот Милан Станковиќ ја претставуваше Србија во изборот за „Песна на Евровизија“ во 2010 година, изведувајќи го големиот хит „Ово је Балкан“, компониран од легендарниот Горан Бреговиќ, а на текст од истиот автор, но како ко-автори беа потпишани и Марина Туцаковиќ и Лилјана Јорговановиќ.

Неговата кариера од тогаш наваму не продолжи по нагорна линија, а последниве години дури се зборуваше дека Станковиќ се повлекол од естрадата и се посветил на приватен бизнис.

Затоа, како „гром од ведро небо“ проструи видеото што беше споделено на „Инстаграм“, каде што Милан повторно се фати за микрофонот, а заедно со него пее и Весна Змијанац, при што во прашање е големиот хит на Дино Мерлин – „Босном бехар пробехарао“.

Снимката е споделена преку профилот на „Оркестар на Милан Малиновиќ“

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Луѓето со овие седум карактеристики се најдобри партнери

Angela

Ештон Качер и Мила Кунис го навлекоа гневот со поддршката за Мастерсон

Angela

Еве како изгледа вилата на Анастасија и Немања во Севиља: Во дворот имаат огромен базен! (ФОТО)

Angela