EXCLUSIVE MK
Свет

Милионер понудил 100.000 долари на сопатничка во авион

Стив Кирш, американскиот претприемач и иноватор кој е заслужен за измислувањето на оптичкиот глушец, се пофалил преку „Твитер“ со бизарна понуда што ѝ ја дал на личноста која седела до него во авион.

– Во моментов сум во авион,  личноста што седеше до мене одби 100.000 долари за да ја симне маската до крајот на летот. Не се шегувам. Го направив тоа откако ѝ објаснив дека маските не ја штитат. Таа работи за фармацевтска компанија,- напиша Кирш во првиот твит.

Тој подоцна додаде дека разговорот имал и продолежение.

– Ѝ реков дека ќе ја симне маската кога ќе дојде појадокот. Тоа значи дека може да се зарази со еден здив. Штом дојде појадокот, таа ја извади маската. Сите знаат дека не може да се заразите кога јадете.

„The New York Post“ објави дека Кирш кој е сопственик на неколку бизнис постојано ширел дезинформации за коронавирусот и пандемијата.

Неговиот твит беше цитиран од повеќе медиуми и стана вирален со преку 30 милиони прегледи, по што уследија и други написи, но и многу мислења од корисниците на оваа мрежа.

Меѓу коментарите на другите корисници, можат да се прочитаат коментари на луѓе кои би биле среќни да прифатат таква понуда, но и такви кои сочувствуваат со неговата сопатничка.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

СЗО загрижена за потенцијалното влијание на омикрон врз пандемијата

Angela

Се гледа крајот на истрагата за убиството на Тупак

Angela

Русинка го тужи „Мекдоналдс“ поради билборд што ја намамил да го прекрши постот

Angela