EXCLUSIVE MK
Астрологија НАСЛОВНА

Младата Месечина во Лав носи голема среќа за три знаци

Младата Месечина во Лав ќе блесне со сиот свој сјај на 8 август.

Овој транзит носи нова енергија, радост, позитивни промени и нè охрабрува да тргнеме напред во нови победи. Се случува во исто време кога се отвора порталот на Лавјата порта, а владее и магичната низа на броеви 8-8.

Оваа лунација ќе има најсилно влијание на три знаци.

Овен

Убавата енергија на младата Месечина доаѓа во вашето поле на креативност, уметничка инспирација и естетика. Ве очекува нов почеток исполнет со искрени страсти. Сега ќе се посветите на она што го посакувате, а ќе се фокусирате и на плановите и проектите кои ве прават среќни и тоа со многу ентузијазам, волја и незапирлива мотивација. Креирајте ја својата среќа со помош на младата Месечина.

Рак

Младата Месечина во Лав за Раковите носи среќа и напредок на полето на финансии, а сега е идеално време да размислите во што ќе ги вложите своите финансии а тоа да ви донесе успех на долг рок. Размислете како можете да ги искористите талентите за тоа. Замислете нови потфати, проекти и амбиции, што и да посакате, ќе можете да го активирате за време на овој период. Ве чекаат вредни добивки и награди. Истовремено, Јупитер и Сатурн минуваат низ вашата осма куќа и ве потсетуваат дека повеќе време ќе треба да вложувате со пријателите и семејството.

Вага

Младата Месечина ќе влијае на вашите односи, особено на пријателстват. Можно е да запознаете и некои нови луѓе кои ќе ви значат во иднина, а кои ќе ви помогнат да се развивате. Ќе имате одлична харизма, а можни се и промени на работа за подобро. Ова е период на заедништво, а одличен успех ве очекува ако сте тимски играч. Поволно време е и да се посветите на некое хоби или спорт.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Лавот да ги провери информациите кои ги добива, Близнаците окупирани со приватни обврски

Angela

Цеца го покажа базенот во својот дом: Фолк дивата во едноделен црвен костим за капење покажа зошто се’ уште ни оддалеку „не е за фрлање“! (ФОТО)

Angela

СНААТА НА ЃОКОВИЌ „ГРМИ“ ВО БИКИНИ – се породи пред само три месеци, а кога ќе прочитате како ја довела линијата до совршенство ќе се фатите за работа!

Angela