EXCLUSIVE MK
СПОРТ Фудбал

Младински репрезентативец Бехар Фета три години во дресот на Марибор!

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Бехар Фета, потпиша тригодишен договор со словенечкиот прволигаш Марибор.

Кариерниот скок кој го прави Фета не е мал, имајќи предвид дека преминува од клубот кој лани ја освои македонската Втора лига, Воска спорт, во тимот кој беше третопласиран во Словенија и до пред некој ден играше квалификации во Конференциската лига на УЕФА (отпадна од Фенербахче).

Тој има 20 години, настапува на позиција лево крило и ги помина сите младински репрезентации на Македонија, до 21 година, за која има шест настапи. Фета дојде во Воска од Шкендија, во февруари 2021 година.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Каратистите на „Макпетрол“ доминантни на младинското државно првенство

Angela

МИСЛЕШЕ ДЕКА НЕМА КОЈ ДА ГО ВИДИ, ПА ГИ СОБЛЕЧЕ ШОРЦЕВИТЕ ЗА КАПЕЊЕ – на Душан Влаховиќ веќе не му е добро, девојките ПОДЗИНАА (ФОТО)

Angela

Скопско-битолски пресметки во полуфиналето на Купот на Македонија

Angela