Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години со поразот од Швајцарија од 71:53 го освои четвротото место на ФИБА „Челинџер Купот“ кој се играше во унгарскиот град Шопрон. Ова беше втор пораз на избраниците на селекторот Тони Симиќ од Швајцарија.
По доброто прво полувреме кои заврши нерешено (29:29), македонските кошаркари одиграа многу послабо во вториот дел, а посебно потфрлија во третата четвртина која ја загубија ос 23:14 по што немаа сили да се вратат во игра.
Љубиша Димитровски со 22 поени беше најдобар во „црвено-жолтиот“ тим, додека кај Шцвајцарија се истакна Кевин Мартина со 28 поени.