EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Многу топло време и денеска, од среда северен ветер и заладување

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од јужен, а попладне во горниот дел на Повардарието од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во среда ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер што ќе предизвика дневната температура во следните денови да биде пониска за неколку степени.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Како да ослабите 4 кг за 7 дена

Angela

Видеото што налути многумина: Младоженецот испраќа пораки на мобилен додека излегува од црквата со невестата

Angela

Брз и лесен летен рецепт за „паста ала зука“, фората е во тиквичките

nenad