Некои природни алтернативи се покажаа како сигурни и безбедни сојузници за слабеење, како што се одредени пијалаци со состојки кои сигурно ги имате дома. Ваквите пијалаци ќе ви помогнат да изгубите килограми без никакви здравствени ризици.
Циметот е прекрасен зачин кој е неопходен за регулирање на нивото на шеќер со зголемување на нивото на пептиди. Ваквото зголемување предизвикува одложено празнење на желудникот, што значи дека јадете помалку бидејќи подолго време имате чувство на ситост.
Истражувањата покажаа дека циметот го забрзува метаболизмот и обезбедува подобро варење на јаглехидратите и зголемено согорување на калории; што резултира со поголемо губење на тежината. Калциумот во циметот делува на начин што го отежнува гоењето поради подобрувањето на согорувањето на мастите и намаленото складирање на маснотии во телото.
Медот е исто така важна состојка за слабеење. Го забрзува метаболизмот, особено при согорување на мастите. Исто така го зајакнува црниот дроб и ги ублажува хормоните на стресот. Мешавината од цимет и мед е клучна за регулирање на холестеролот и шеќерот во крвта. Исто така, служи како ефикасен согорувач на масти.
Додадете половина лажичка цимет во прав во шолја зовриена вода. Добро покријте ја шолјата и оставете го напитокот да се излади додека не стане млак, а потоа додадете две лажички суров мед. Испијте половина од пијалакот непосредно пред спиење. Пијте наутро на празен стомак. За најдобри резултати, пијте го овој напиток со цимет и мед недела дена.