EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Светот на познатите

Моќна порака до жените од Анџелина Џоли: По смртта на нејзината мајка, таа проговори за тешката болест

Оскаровката Анџелина Џоли се сети на својата покојна мајка која почина пред 15 години и која денеска ќе наполнеше 73 години.

Холивудската актерка Анџелина Џоли на својот профил на Инстаграм, во чест на Светскиот ден за борба против ракот на јајниците, објави фотографија со нејзината почината мајка, која денеска би го имала својот 73-ти роденден.

-Утре ќе и беше 73 роденден на мајка ми. Таа почина пред 15 години, по долга борба со ракот на дојката и јајниците, напишала Анџелина, а потоа продолжила:

-Имав превентивни операции за намалување на шансите за болеста, но продолжувам да одам на прегледи. Мајка ми го сакаше Хендрикс и секогаш ги потпишуваше нејзините писма со зборовите „бакни го небото“, кои добија ново значење откако таа умре. Ја испраќам мојата љубов до оние кои исто така изгубија најблиски и сила до оние кои моментално се борат за своите животи и животите на оние што ги сакаат, додека имам само едно да им кажам на сите други жени, ве молам одвојте време и грижете се за себе и одете на мамографи и крвни тестови или ултразвук, особено ако имате семејна историја на рак, заклучила Џоли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)

Познатата актерка го отвори срцето за „Тајм“ во 2019 година за нејзините превентивни процедури по трагедијата со губењето на мајка си од рак.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Млечните производи исто како и шеќерот може да создадат зависност

Angela

Еве како да сварите јајца, а да не ви пукнат: Трик што секој мора да го знае пред Велигден

Angela

Ќерката на Мелита славеше матура: Мајка ѝ сите добро ја знаеме, ова е нејзиниот татко Соме (ФОТО)

Angela