EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Ракомет СПОРТ

„Навали народе“ сред еуфорија: Вардар продава билети за три меча одеднаш!

Победата над Алборг ја крена атмосферата кај навивачите на Вардар, па клубот го препозна моментот и излезе со малку поинаква стратегија за продажба на билети.

Од денеска достапни за купување се билетите за следните три натпревари на Вардар во Лигата на шампионите: со Монпелје на 13 октомври, со Кил на 27 октомври и со Пик Сегед на 25 ноември (сите во 20.45 ч.).

Вардар досега продаваше билети натпревар за натпревар, но победата над Алборг ја врати вербата дека Скопје повторно може да стане место за ракометни чуда, а од друга страна распоредот во групата А носи три исклучителни имиња во „Јане Сандански“, па клубот реши да го искористи тоа за да ги отвори за продажба сите три натпревари.

И понатаму важи дека достапни се максимум 1.800 седишта на трибините, следејќи ги забраните за публика побројна од 30 проценти на капацитетот на салата. Цените се 450, 400 и 350 денари, во зависност за кој блок, а продажбата се врши онлајн на „Купикартизасе“, како и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Интересни факти за солта што можеби никогаш не сте ги чуле

Angela

Вака тверка, меша и ниша со колкови водителката на утринската програма: Јована Јеремиќ во ултра кус „минич“ ги покажа телесно-танцувачките квалитети

Angela

Пристигнува помрачување на Сонцето и носи невидени космички промени

Angela