EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Навивачите го мразат најмногу на свет, ама управата на Јунајтед му нуди – нов договор!

Навивачите на Манчестер Јунајтед со години наназад се обединети во ставот дека извршиот директор, Ед Вудворд, е најомразената личност за нив од таборот на „ѓаволите“, а постои огромна можност тој и покрај тоа да остане во клубот и со огромно влијание врз сопствениците.

Кога се случи крахот со Суперлигата, челниците на тимот објавија дека Вудворд ќе си поднесе оставка на крајот од сезонава, без да нагласат дека тогаш всушност и му завршува договорот со повеќекратниот англиски првак. Но, последните информации велат дека тоа нема да значи негово дефинитивно напуштање на „Олд Трафорд“, туку само префрлање на друга функција, а тоа е советник на сопствениците од семејството Глејзер, со огромно влијание врз секојдневната политика на клубот.

Навивачите на Вудворд најмногу му забележуваат што не се снајде како што треба по заминувањето на Алекс Фергусон и што како прв оперативец повлече многу погрешни чекори што, пак, имаше огромно влијание за лошите резултати на Јунајтед во последно време.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ДЗС: Попишани вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови

Angela

Овие особини откриваат дека жената е врвна љубовница

Angela

Ќе го добијат тоа што го сакаат за Велигден: Два хороскопски знаци ќе скокаат од среќа за празничниот викенд

Angela