EXCLUSIVE MK
Автомобили ВЕСТИ Свет

Награда од милион долари за гориво од јаглерод двооксид

Мерк, една од водечките светски научни и технолошки компании, му ја додели наградата „Поглед во иднината“ за 2022 година на Тобијас Ерб, директор на германскиот Институт за микробиологија „Макс Планк“, за претворање на јаглерод двооксид во гориво.

Оваа награда е доделена во категоријата „Енергија“, во склоп на научната конференција „Љубопитни“ која се одржа во Дармштад, Германија.

Проектот на Тобијас Ерб покажа дека јагледрод-двооксид може директно да се претвори во пентадекан, состојка што претставува главната компонента на дизел горивото. Користејќи синтетичка биологија, неговиот тим и открива и комбинира биокатализатори за да овозможи поефикасна фиксација на издувните гасови.

Користејќи го пристапот „метаболичка ретросинтеза“, истражувачкиот тим на Ерб дизајнираше и имплементираше вештачки патишта за фиксирање на јаглерод-двооксид, кои се поефикасни од природната фотосинтеза. Тимот научници моментално се фокусира на имплементација на овие синтетички патишта во живите клетки.

Kонцентрацијата на јаглерод-двооксид во атмосферата е зголемена и во моментов околу половина од оној јаглероден двооксид што е ослободен од согорувањето на фосилните горива, кој не се апсорбира од вегетацијата или океаните.

Photo by Chris Barbalis on Unsplash

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Вчера аплицирани над 12 илјади вакцини

Angela

Втора жртва во невремето во Грција

Angela

Уште 89 нови случаи на ковид-19 од 1.760 тестови, нема починати

Angela