EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Останато

Надал и наредната година ќе игра на РГ

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска ги отфрли шпекулациите дека следната година нема да игра на Ролан Гарос во Париз.

Во пресрет на четвртфиналниот меч против првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Надал изјави дека неговата тениска иднина е „супертешка“ поради хроничната повреда на стапалото.

Медиумите поради тоа шпекулираа дека оваа година може да биде последна за Надал на Ролан Гарос, каде што освои рекордни 13 трофеи.

„Верувам дека можам да се вратам (на Ролан Гарос). Ги прифаќам работите онака како што се случуваат, немам намера тоа да изгледа како збогување. Продолжуваме да бараме решение за повредата на стапалото. Имам намера да се вратам на Ролан Гарос следната година“, ја пренесе „Еуроспорт“, изјавата на Надал..

Надал денес, во полуфиналето на Ролан Гарос ќе игра против Александар Зверев од Германија. Во второто полуфинале играат Марин Чилиќ од Хрватска и Каспер Руд од Норешка.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи

Angela

Дневен хороскоп за вторник, 24 август 2021 година

Angela

Првиот македонски селектор Андон Дончевски „упадна“ на тренинг на А репрезентацијата

Angela