Богдана Ражнатовиќ, сопругата на Вељко Ражнатовиќ, се породи пред два дена и на свет донесе син кој го крстија Крстан. Цеца Ражнатовиќ наводно платила 616.000 динари за пораѓањето на снаата.
-Таа избрала приватна клиника каде само породувањето чини 450.000 динари. Тоа, сепак, не е целиот трошок, бидејќи за еден ден што Богдана и малиот Крстан го поминаа на интензивна нега, платила уште 38.000 динари, а доколку останат уште четири дена во породилиште, како што планирале, ќе одвои уште 128.000 динари, открива изворот.
Ражнатовиќ ги поканила своите најблиски пријатели во својата вила, а повеќето од нив се фатиле за микрофонот. Меѓу првите се најде кумата Вики Миљковиќ, а потоа Маријана Матеус, Александра Младеновиќ, Јоца Стефановиќ, Марко Џедовиќ, Марко Николиќ, Мирко Шијан, Марина Висковиќ… како и целото семејство Родиќ.
Ражнатовиќ во еден момент се качил на столче, испил многу пиво, па дури и пеел.
-Навистина се опијанив, но од утре повеќе нема да пијам, морам да се подготвам за натпреварот. Пресреќен сум што Богдана роди уште еден син, изјави гордиот татко.