EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Над триста возачи казнети за брзо возење и непрописно претекнување

За време на сообраќајните контроли на територијата на земјата полицијата им напиша казни на 255 возачи кои биле регистрирани со радар дека возеле побрзо од дозволената брзина, а санкционирани се 84 возачи кои непрописно претекнувале.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција им напиша казни на 255 возачи за брзо возење, од кои 84 возачи не ја почитувале дозволената брзина во населено место, додека останатите возеле брзо на отворен пат.

„Од санкционираните, 24 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“, велат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 12 до 16 часот, спроведена е акциска контрола за санкционирање на непрописно престигнување на територијата на целата држава, во рамките на која вкупно биле санкционирани 84 прекршоци, од кои најголем број на територија на СВР Тетово-39, информира МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ДОЗВОЛЕНО Е ФРЛАЊЕ „БОМБА“ И „ЛАСТА“ – тетовските затвореници имаат базен, директорот вели дека тоа е утеха за нивните семејства (ВИДЕО)

Angela

Рио де Жанеиро мора да му плати 673.000 долари на Ѓоковиќ

Angela

Коронавирусот го спречи Вардар да игра на Ф4 турнирот во Задар

Angela