EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

НАМЕСТО ДА ГО СЛАВИ РОДЕНДЕНОТ НА ЌЕРКИЧКАТА ЗАМИНА ВО СМРТ: Кумот на српскиот пејач со потресни детали еден час пред тој да загине (ФОТО)

На денешен ден 11 јуни се одбележаа 12 години од смртта на пејачот Дарко Радовановиќ , а сега неговиот кум откри детали од нивната последна средба во животот.

-Дарко последен пат го видов еден час пред што се случила трагедијата. Тој не можеше да дојде на свадбата на која требаше да идеме, бидејќи работеше. Јас ја собрав неговата сопруга и сами отидовме на прославата. Тоа се случуваше на 11 јуни 2011 година во 20.30 часот навечер. Роденденот на неговата ќерка беше утредента на 12 јуни. Тоа за сите нас беше шок. Тој загина на 35 години, јас денеска имам толку години и не можам да си поверувам на себе дека толку млад си замина, раскажува кумот на пејачот.

Тој за српските медиуми додава дека иако веќе го нема него улогата на кум му останала. Како велат Бог на небото, кумот на земјата. Неговата ќерка е слика и прилика на татко и, гледа емисии со него, ги слуша неговите песни.

-Таа посетува и музичко училиште и клавир. Пред две, три години прв пат ме испрашуваше за Дарко. Јас не дозволувам ништо да им се случи ни на Лана ниту на неговата сопруга, ниту на родителите на пејачот, вели кумот на покојниот пејач.

Дарко Радовановиќ имаше само 35 години, а зад себе ги остави неговата сопруга Маја и ќеркичката Лара, која денес има 16 години.

Дарко и Маја биле бескрајно заљубени, подготвени да го вложат и последниот атом сила и креативност за да се воодушеват еден со друг.

Дарко секогаш зборувал дека Маја го кажува последниот збор во нивната врска, а потоа и во бракот.

-Само таа да не се налути. Не сакам да правам ништо што ќе ја налути мојата Маја, зборувал тој.

Тој бил и неизмерно среќен откако нивната ќерка дошла на свет и зборувал дека од Маја ја наследила убавината, а од него насмевката и темпераментот.

Маја и Лара по смртта на Дарко целосно се повлекле од очите на јавноста и живеат со родителите на Маја во Сремска Митровица.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Јелена Кнежевиќ е ангел што ве тера на грев: Српската мисица и манекенка во секси долна облека од тантела и свила, налик на еротска самовила (ФОТО)

Angela

Кралот Чарлс во тајност ја исполнил последната желба на кралицата Елизабета, принцот Хари збеснал

Angela

Фотографија стара три децении: Еве како изгледала Дара Бубамара пред естетските корекции

Angela