Дали некогаш сте се запрашале зошто појадокот понекогаш добро „легнува“, а зошто понекогаш е потребно подолго време за храната да се свари?
Ако понекогаш или често, имате проблеми со желудникот и варењето, обидете се да ги избегнувате овие намирници на празен стомак.
1. Суров зеленчук
Суровиот зеленчук е здрав и богат со витамини и минерали. Сепак, не се препорачува за појадок бидејќи суровиот зеленчук е вистински предизвик за варењето на храната, особено кога ќе го консумирате на празен стомак.
2. Јогурт
Ако имате чувствителен стомак, од појадок кој вклучува јогурт може да ви стане тешко. Имено, јогуртот содржи здрави млечни киселини, кои, за жал, не стигнуваат до цревата бидејќи празниот стомак ги убива со својата киселина.
3. Банана
Банана на празен стомак одеднаш го зголемува нивото на шеќер во крвта, но исто така и тоа ниво паѓа многу брзо. Ова може да резултира со ненадејни напади на глад во текот на денот.
4. Цитрусно овошје
Чаша свежо исцеден сок од портокал? Звучи здраво, но на празен стомак може да предизвика непријатно чувство во грлото. Единствен исклучок е вода измешана со лимон, бидејќи сокот од лимон е тогаш разреден.
5. Слатки
Овој термин не значи само бонбони и чоколади, туку и „лажна“ здрава храна – мусли, интегрални колачиња, бисквити и слично. Внесувањето слатки на празен стомак предизвикува нагло зголемување на нивото на инсулин, а тоа може да има штетно влијание врз панкреасот.
6. Лиснато тесто
Многу популарно, особено за прв оброк. Избегнувајте колачи, кроасани и друго лиснато тесто, бидејќи маргаринот и квасецот можат да предизвикаат надуеност.