EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина НАСЛОВНА

Напиток кој го решава проблемот со мрзливите црева

Мрзливи црева или забавен метаболизам е сѐ поголем проблем за луѓето. Последица на оваа болест е премногу седење и лоша исхрана, а домашна напивка која е направена само од две состојки може да ви помогне да ја решите оваа непријатност.

Го забрзува метаболизмот, а со тоа и го решава проблемот со мрзливите црева, но може да ви помогне и да ги намалите килограмите. Главната состојка на овој пијалок се сливите.

Потребни состојки:

  • 1 l вода
  • 100 gr сливи

Подготовка:

Земете еден херметички сад и ставете сливи, па прелијте го со вода, затворете го садот и оставете го да отстои околу седум дена на ладно, односно во фрижидер. По тој период земете газа и процедете ја смесата, а потоа можете да почнете да го консумирате напитокот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Од ковид почина 18-годишна трудница, имала коморбидитети

Angela

Дневен хороскоп за петок, 6 август 2021 година

Angela

Осум загинати во пожарите во Турција

Angela