EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

НАПОЛНЕТЕ СИ ГО ПАРИЧНИКОТ ОВОЈ ВИКЕНД – доколку планирате да одите на споен викенд во Грција овие НОВИ цени мора да ги имате на ум!

Цените во Грција го следат трендот од другите европски земји и оваа година се незначително зголемени во однос на претходните години.

„Грција инфо“ објави дека цените на храната и останатите производи се разликуваат од едно до друго место. Додека на северот на Грција може да се купи една топка сладолед за едно евро, на Миконос таа може да ве чини неколку пати повеќе.

Во продолжение „Грција Инфо“ ги објави цените на дел од основните производи кои важат од 28 мај.

Лебот чини од 1,10 до 1,90 евра, млекото чини од 1,00 до 2,50 евра, 12 јајца чинат од 2,20 до 4,00 евра. Тестенини може да се купат од 1 до 2 евра, маслото за готвење чини од 2,00 до 2,50 евра.

Гирото ќе ве чини од 3,50 до 4,50 евра, пицата од 6 до 12 евра, а скарата од 6 до 14 евра, додека рибата чини од 6 до 60 евра. Домашно пиво може да се купи од 4 до 5 евра, а соковите чинат од 3 до 5,5 евра.

Свежа риба може да се набави по цена од 5,5 до 15 евра, додека мелено месо од 6,57 до 7,50 евра.

„Грција инфо“ објави дека може да изнајмите лежалка за цена од 4,50 до 7 евра, чадори од 7 до 12 евра, душек на дување од 6 до 30 евра и пешкири од 5 до 15 евра.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Том Круз полудел по Шакира: Постојано и испраќа цвеќе, детали за новата холивудска романса

Angela

Сестрата на Селин Дион за страшната болест на пејачката: „Верувам дека животот ќе ѝ го врати она што таа го даде“

Angela

Барселона му даде отказ на Куман со отштета од 12 милиони евра

Angela