EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Убавина

Направете природна маска против испукани врвови

Освен надворешните фактори, изгледот на вашата коса зависи и од тоа што јадете, пиете, колку се движите и колку сте изложени на стрес.

Ќе се согласите дека ништо не може да го подобри вашиот изглед како убаво стилизирана коса. Меѓутоа, секоја механичка изложеност на косата предизвикува дополнителни оштетувања како што се испукани краеви, губење сјај, сушење и слично.

Временските услови, влажноста, дождот, сонцето, снегот, исто така, можат да предизвикаат страшен стрес за нашата коса.

Покрај надворешните фактори на кои (не) можеме да влијаеме, правилната нега на коса вклучува и многу други работи, почнувајќи од начинот на миење, преку дополнителна нега и разубавување, па сѐ до редовно шишање.

Миење на косата

Додека ја миете косата, не е доволно само темелно да ја триете со најскапиот / најевтиниот шампон што сте го одбрале во блиската аптека. Со цел косата да има сјај и волумен, треба да користите што е можно поприродни шампони без силни состојки – сулфат.

Сулфатите се силни хемикалии кои ја оштетуваат вашата коса, особено ако вашата коса е тенка и слаба, сулфатите можат да ја направат да изгледа уште полошо – може да ја залепат и да ја направат мрсна.

Никогаш не ја мијте косата со топла вода, туку мора да биде млака.

По миењето, важно е да ја хидрирате косата со балсам или маска, по што темелно ќе ја исчешлате косата.

Ви откриваме природна маска коса која ќе ја направите сами дома, и е подобра од сите скапи вештачки препарати.

Потребно ви е:

обичен балсам за коса (без силни мириси и сулфати)
АД капки
маслиново масло
кокосово масло
Рицинусово масло
капки од коприва

Начинот на подготовка е многу едноставен. Ставете половина шише АД капки во балсамот од 500 мл, 20 мл од секое масло и додадете половина шише капки од коприва (пропорционално капките АД и капките од коприва). Сето тоа измешајте го и намачкајте го на косата од половина до краевите.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

МАФИНИ СО ЧОКОЛАДО: Се правaт за помалку од половина час

Angela

ОВИЕ работи треба да ги јадете и пиете во лето ако сакате да бидете здрави

Angela

Зошто не треба да се фрла кората од портокал?

Angela