EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Направи сам: Домашен путер од кикирики од 2 состојки (ВИДЕО)

Како да направите здрав и вкусен путер од кикирики, идеален за десерти?

Путерот од кикирики одамна е популарен во светот, а Американските најмногу сакаат да го јадат намачкан на парче леб со џем. Иако звучи како чудна комбинација, тоа е всушност многу практичен и вкусен појадок.

Путерот е здрав и често се користи како замена за млечниот путер и маргаринот, кога се прават колачи или торти.

Потребни состојки за подготовка на домашен путер од кикирики:

-450 г сирови кикирики

-сол

Начин на подготовка:

Испечете ги кикириките на плех, на температура од 175 степени околу 12 минути. Замотајте ги кикириките во крпа и силно тријте за да ги отстраните лушпите. Оставете да се оладат, па ставете ги во блендер, посолете и блендирајте додека не се добие глатка и кремаста смеса.

Паузирајте по потреба, додека се формира смесата, целиот процес трае околу 5 до 15 минути, во зависност од блендерот.

Добиената смеса ставете ја во сад кој може херметички да се затвори и чувајте го во фрижидер.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

„Разбудете ја“ кожата со лубеница: Ја смирува иритираната кожа и го намалува црвенилото

Angela

Причини зошто треба секој ден да јадете по една банана

Angela

Како до подготовка до најдобрите есенски плодови – костен

Angela