EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Наука - новости ТЕХНОЛОГИЈА

НАСА откри колку земјотреси констатирала мисијата на Марс

Стационарниот лендер од мисијата „InSight“ на Марс откри повеќе од 1.300 земјотреси и ги лоцираше областите на „црвената планета“ подложни на сеизмички движења за време на  четиригодишен престој на Марс.

Тоа укажува дека во просек бил регистриран еден земјотрес дневно. „Лендерот“ пристигна на Марс во ноември 2018 година за да ги проучува сеизмичките бранови, кои им помагаат на научниците подобро да разберат како се формираат планетите.

„InSight“ е првата мисија на Марс посветена на проучување на длабоката внатрешност на планетата, која беше испратена во ноември 2018 година. Согласно очекувањата на НАСА, уредот останал без енергија поради нечистите соларни панели кои биле „завеани“ од прав и не можеле да произведат доволно енергија за него.

Ова беше прв и успешен обид со кој се постави сеизмометар директно на површината на Марс, со што за првпат се проучуваа земјотреси на друга планета. Инвестицијата на САД во мисијата изнесуваше 813,8 милиони долари, вклучително и околу 163,4 милиони долари за лансирање и услуги за лансирање, а остатокот за вселенското летало и операциите до крајот на главната мисија. Франција и Германија, ја помогнаа мисијата со околу 180 милиони долари.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ФОТО: Траат подготовките за крунисувањето на Чарлс Трети, се подготвува облеката за кралот кој никој не ја носел 70 години

Angela

Знаци кои откриваат дека сте ја пронашле вашата сродна душа

Angela

Како да ги отстраните масните дамки од каучот? ДВА трика по кои мебелот ќе ви биде како нов!

Angela