EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

Најактивниот вулкан во Индонезија повторно еруптираше

Најактивниот вулкан во Индонезија денеска повторно еруптираше, испуштајќи најголема количина лава во изминатите неколку месеци.

Ерупцијата на вулканот Мерапи, на островот Јава, испушти реки од лава, кои се спуштија 3,5 километри по падината на вулканот, како и облаци од запаливи гасови

Звукот на татнеж се слушаше неколку километри во близина кога еруптираше вулканот, исфрлајќи жежок пепел до височина од 600 метри. Пепелта ги зафати околните градови, но наредбите за евакуација веќе беа во сила во близина на вулканот, поради што нема извештаи за жртви, пренесува агенцијата АП, пренесува Танјуг.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

МЕГА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА – од полноќ еве колку ќе чини литар

Angela

Не е сеедно! Дали е подобро да имате БЕЛИ ИЛИ ЖОЛТИ СВЕТЛА на фаровите?

Angela

Долготрајното седење подобрете го со оваа петминутна вежба

Angela