Ова е порака за сите осамени души кои копнеат по љубовта и својата сродна душа.
Многу луѓе се чувствуваат непотполно без таа посебна личност која сметаат дека им е потребна во животот за да живеат во хармонија. Но, ова е најголемата заблуда со која живееме во животот.
Пронајдете ја својата среќа во себеси, пробудете ја љубовта во себеси, направете го просторот во кој живеете среќен и уживајте во своето јас. Најдете ја радоста во својата осаменост. Сè додека се трудите да избегате од неа, секогаш ќе бидете сами бидејќи ќе бегате од себе, што е најголема блокада на патот до љубовта.
Пронајдете ја љубовта во себеси. Бидете личноста која отсекогаш сте сакале да бидете. Така ќе станете посакувани за сите околу вас.
Кога сте сами, не очајувајте и не мислете дека тоа ќе трае засекогаш. Смејте се, танцувајте, отворете се кон нови познанства и тогаш ќе дојде вистинската личност.
Радувајте и се на слободата. Длабоко сфатете ја оваа врска со себеси. Обрнете внимание кога сте среќни и кога сте несреќни, но не ги обвинувајте ги другите и бидете благодарни кон животот.
Така ќе се појавите и љубовта која ја чекате.