EXCLUSIVE MK
Економија Мобилни телефони

Најголем раст од 2017 година: „Snapchat“ со 293 милиони корисници на ден

Социјалната мрежа „Snapchat“ која се заснова фотографии и видеа со проширена реалност во 2021 година забележа зголемен интерес – дури 293 милиони корисници на ден.

Акциите на „Snap“, креаторите на Snapchat, се опоравуваат. Откако цената падна на многу ниски 5 долари, компанијата успеа да се крене на нозе со новите потези. Причината зад избегнатиот колапс беше, објаснува „Verge“, „неуспешниот редизајн што го забави развојот на апликацијата и збуни многу корисници“.
Денес, ситуацијата е поинаква – „Snapchat“ бележи најбрз раст од 2017 година. Апликацијата, наводно, забележала 13 милиони нови корисници во текот на вториот финансиски квартал од 2021 година – 23 проценти повеќе од претходната година.Ова значи дека „Snapchat“ го користат 293 милиони луѓе секој ден во споредба со минатата година. За споредба, „Twitter“ во вториот квартал на оваа година забележа 206 милиони дневни корисници.
Приходите на „Snap“ исто така се зголемија за 116% на 982 милиони американски долари, што го прави побрз во развојот на работење од „Twitter“ или „Facebook“.Новите бројки потврдуваат уште една важна работа – големиот пораст докажува дека компанијата профитира за време на пандемијата, бидејќи луѓето поминуваат повеќе време пред компјутер и паметните телефони. Извршниот директор на „Snap“, Еван Шпигел, очекува уште да се зголемува бројот на корисници.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Македонија нема ниту студија за брзи возови, а доцнат и актуелните проекти

Angela

КОЛКУ Е ЧУВСТВИТЕЛЕН ПАЗАРОТ: Се огласи Маск и пак тргна нагоре цената на биткоин

Angela

АКО ЈА ИМАТЕ ИНСТАЛИРАНО ОВАА АПЛИКАЦИЈА, ВЕДНАШ ИЗБРИШЕТЕ ЈА – ве снимаат!

Angela