EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено утринава е во Битола каде се измерени -10 степени. Утринските температури во целата држава се под нулата освен во Дојран каде според Управата за хидрометеоролошки работи е измерен еден степен над нулата.

Во Берово утринската температура е -8 степени, во Маврово и Попова Шапка -7, во Крива Паланка и Крушево -6, во Петровац кај Скопје, Демир Капија и Струмица -5, на Зајчев Рид Скопје, Прилеп, Штип, Виница и Куманово -4, во Тетово, Охрид и Гевгелија -3 и во Претор -2 степена.

Најмногу снег има на Маврово – 22 сантиметри, потоа во Крушево 20 сантиметри, на Попова Шапка 17 и во Битола 15 сантиметри.

Според најавата на синоптичарите, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Велика Британија воведува трета доза вакцина

Angela

ОВА Е „ПАМЕТНАТА“ ВИЛА НА НИКОЛИНА ПИШЕК ЗА КОЈА СЕ БОРИ НА СУД: Свекорот не попушта, внатре се е на копче – кога ќе го видите погледот се ќе ви стане јасно

Angela

НИ ДОАЃА ЛАЗАРОВА САБОТА: Наберете го ова за во домот, но никако не правете една работа!

Angela