EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА

Најчестите причини за болка и непријатност за време на секс?

Секоја жена најмалку еднаш во животот почувствувала некаква непријатност „таму долу“ за време на сексот или потоа. Симптомите на вагинална иритација се различни – пецкање, чешање, црвенило, триење, па дури и болка.

Овој вид на непријатност, ако не се лекува, може да предизвика поголеми проблеми и да го наруши квалитетот на животот на жената. Зошто се јавиле симптомите, со што се поврзани и што треба да направиме за да ги спречиме и излечиме, советува д-р Жељко Павловиќ, началник на Одделението за гинекологија во Општата болница во Лозница, Србија, во прилогот на порталот mondo.rs.

Болка за време на самиот сексуален чин, особено при пенетрација, како и пецкање и непријатно чувство на триење се само некои од најтешките тегоби со кои се соочиле многу жени за време на сексот и потоа. Она што е симптоматично е што болката најчесто престанува за неколку минути, но непријатноста трае подолго.

Што ги предизвикува овие симптоми?

„Болка за време на сексуалниот однос може да се јави во пределот на вагината или во долниот дел на стомакот, но и на двете места. Вагиналната болка или непријатност која најчесто се манифестира како пецкање или чувство на иритација, главно се предизвикани од некаква вагинална инфекција. Ако имате пообилен секрет или какво било воспаление на вагиналната слузокожа или во пределот на влезот во вагината (вулвата), често се случува за време на сексуалниот однос – при пенетрација – да се јави болка, чешање, иритација, пецкање, но и комбинација од овие симптоми“, вели д-р Павловиќ.

„Болка при сексуалниот однос или каква било непријатност може да бидат предизвикани и од воспаление на матката, јајниците или јајцеводите, како и од постоење на цисти на јајниците, ендометриоза, но и од израстоци или ранички кои се појавиле како резултат на претходни операции во оваа регија, па предизвикуваат пречка во сексуалниот однос“, додава д-р Павловиќ.

Првиот чекор кон решавање на проблемот, секако, е посета на гинеколог.

„Одговорот на прашањето ‘Што да правам?’ е лесен: Одете на гинеколог. Докторот ќе направи детален преглед, ќе земе вагинален и цервикален брис, примерок за ПАП тест и ќе направи колпоскопија, како и ултразвучен преглед – најдобро со вагинална сонда –  и на тој начин ќе постави дијагноза по која ќе препорача терапија“, советува тој.

Дали кондомите може да се причина за вагинална непријатност?

„Употребата на кондоми е корисна пред сѐ како средство за заштита од непланирана бременост, но и за заштита од сексуално преносливи болести. Непријатност од користење на презервативи може да се случи ако кондомот фабрички нема доволно лубрикант или сте пречувствителни на материјалот од кој е изработен или на самиот лубрикант. Ако слузокожата на вагината е веќе иритирана, тоа може да предизвика дополнителна непријатност. Внимавајте при изборот на брендот и видот на кондоми“, препорачува д-р Павловиќ.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Три корисни совети за сексот да трае подолго

Angela

Пет хороскопски знаци кои важат за најголеми заводници

Angela

Откријте каква ви е врската низ омилените пози

Angela