Многу кавги кои се случуваат помеѓу паровите потекнуваат од недоразбирања поради различниот стил на комуницирање. Како на пример, жените често сакаат да разговараат за проблемите кои се случуваат во врската, а мажите обично тоа го сфаќаат како да се очекува од нив тие самите да најдат решение. Исто така, жените погрешно можат да го протолкуваат молчењето на мажите. Честопати, мажите мораат да размислат за некој проблем во тишина, додека жената ова би го сфатила како тој да не сака да зборува со неа.
Разбирањето на тоа како мажите и жените мислат и зборуваат, може да помогне за подобрување на врските. Ова се најчестите недоразбирања кои настануваат помеѓу мажите и жените и она што едниот го слуша кога зборува спротивниот пол.
Мажите прашуваат, а жените навестуваат
Мажите имаат директни барања, додека жените секогаш ги поставуваат потребите на другите пред своите. Како ова може да се исплати во една врска? Жените често очекуваат од мажите тие да им ги читаат мислите и да знаат што сакаат без да им кажат. Доколку жените почесто кажуваат што сакаат, со сигурност и повеќе ќе добиваат, па читањето мисли би било сосема непотребно.
За жените сè е во деталите
Кога таа ќе каже: „Се сеќаваш ли на џемперот кој го носеше на нашиот втор состанок?“, тој слуша: „Ако се грижиш, би запаметил!“. Жените имаат неверојатна меморија за детали, но се и посентиментални од мажите. Тие треба да имаат на ум, дека мажите не помнат толку многу детали поради различното процесирање на информацијата, а не бидејќи не се грижат.