Кога ќе научите правилно да ги искажувате и прифаќате меѓусебните емоционалните потреби, расправиите и другите негативни однесувања во врските ќе исчезнат.
Многу парови можат да ги искористат предностите на нивните фрустрирани емоционални потреби и да се мотивираат да се поврзат брзо. Се’ што треба да направат е да ја пренасочат енергијата што моментално ја трошат за фрустрација директно во градење емоционална и физичка интимност, вели Дејвид Акива, советник и брачен педагог.
Тој ги навел трите најчести причини зошто паровите се разведуваат.
1. Мојот брачен другар ми е повеќе како најдобар пријател отколку како љубовник
Акива вели дека ова е важен знак дека можеби сеуште сте длабоко вљубени еден во друг. Паровите кои се заедно долго време често го споменуваат ова како тајна на среќна врска. Не е се изгубено ако хемијата исчезнала за момент, може да се врати.
Повеќето парови мислат дека вљубувањето мора да биде страсно и опојно како на почетокот на врската. Но, тоа е само романтична фаза. По првите неколку месеци до една година, сосема е нормално оваа фаза да исчезне и да започне фазата „мојот најдобар пријател”.
2. Мала или никаква интимност
Ако сакате да го вратите сексот во брак, мора да ја вратите љубовта, вели Акива. Тоа е толку едноставно. Ова го прават најдобрите пријатели во здрав брак. Најновите истражувања покажуваат дека емоционалната интимност е клучот за сексуалното исполнување на жените. Истражувачите кои стојат зад студијата откриле дека „љубовта го прави сексот физички попријатен“ за жените, а оние кои ги сакаат своите партнери, велат дека се чувствуваат помалку ограничени и поспремни да ја истражат својата сексуалност.
3. Нема повеќе вистинска комуникација, се расправаме
Кога ќе научите правилно да ги искажувате и прифаќате емоционалните потреби, расправиите и другите негативни однесувања во врските ќе исчезнат.