EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Останато

Најџел Бонд ги подготвува македонските снукер играчи за ЕП

Легендарниот британски снукер играч, Најџел Бонд, кој минатата година се збогуваше со активното играње за да се посвети на новите предизвици како тренер, оваа седмица престојува во Скопје каде што ги води подготовките на македонските играчи кои ќе играат на Европското првенство во Малта од 11 до 18 март.

Како играч, Најџел Бонд е освојувач на повеќе титули во својата кариера, дури и финалист на едно светско првенство во снукер, а сега важи за еден од најдобрите тренери во светската асоцијација WPBSA. Како промотор на овој спорт повеќе пати беше во Македонија, а сега доаѓа токму во време кога се појавува нова генерација на играчи кои што го преземаат приматот во националното првенство.

Подготовките се одвиваат во новата „Снукер Арена“ на Гран Клуб во Скопје, а на поединечните тренинзи учествуваат Берат Јашари, Петар Панов, Владо Матоски, Петар Колоски и Влатко Јанев.

Предвидено е во недела (5 март) да се одигра и егзибиционен турнир во дисциплината „6 црвени“, за кој ќе има лимитирана можност за набљудување поради ограничениот број седишта.

На крајот од турнирот кој ќе започне околу 18 часот, предвидена е и прес конференција по повод заминувањето на репрезентативците за Малта, со почеток во 21 часот.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

МВР: Лични карти ќе може да се подигаат и во текот на викендот

Angela

Причини поради кои жените плачат за време или по сексот

Angela

5 причини зошто во исхраната треба да внесете ротквици

Angela