EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија НАСЛОВНА

На Кипар намалуваат за 10 отсто ДДВ на сметките за струја

Кипарските власти ќе го намалат за 10 отсто ДДВ на сметките за струја во домаќинствата за три месеци. Тоа е трета компензаторна мерка што ја применува Владата за поддршка на домаќинствата поради повисоките цени на струјата.

-Владата ја извести Европската комисија за нејзината намера да го намали ДДВ на сметките за електрична енергија во домаќинствата од 19 отсто на 9 отсто во период од три месеци, изјави министерот за финансии Константинос Петридис.

Со одлуката се надополнуваат веќе најавените две поволности за населението поради поскапувањето на струјата.

До февруари идната година има намалување на сметките за струја за 10 отсто за сите потрошувачи, кое трае 10 месеци. На почетокот на ноември, владата ја намали стапката на ДДВ на сметките на домаќинствата од ранливите социјални групи за 14 отсто – од 19 отсто на 5 отсто – за 6 месеци.

Новата мерка е во согласност со препораките на Европската комисија за привремени и насочени акции за поддршка поради поскапувањето на струјата, што ќе ја спречи опасноста од енергетска сиромаштија и нема да влијае на пазарот”, објасни Петридис.

Од јануари до октомври годинава цената на струјата на Кипар пораснала за 10,1 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Министерството за финансии.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

„КРИЗА ВО МЛАДОСТА“: Следбениците „удрија“ по поранешниот на Емина Јаховиќ кога видоа што прави на фотографијата со 20 години помладата нова сопруга

Angela

(ФОТО) Не победи на Евровизија, но дефинитивно е најзгоден фраер: Претставникот на Кипар украде многу срца

Angela

НА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО ВЕЌЕ НЕ МУ Е ДОРБО – Кејт Мидлтон го прекрши бонтонот кој со векови го почитуваа сите жени (ФОТО)

Angela