EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА НАСЛОВНА

На кои дигитални правила треба да се придржувате доколку сте во врска

Речиси невозможно е да го одделите дигиталниот свет од она кое го градите со својот партнер. Навиките кои ги имате при употреба на мобилниот телефон или лаптоп можат да го загрозат вашиот љубовен живот, а за тоа да не сте свесни.

Четири начини кои ќе ви помогнат да бидете сигурни дека “дигиталниот сегмент” од вашата врска е здрав се следните:

Немојте претерано да го користите телефонот

Претераното користење на телефонот додека поминувате време со партнерот е некултурна пракса. Истражување од 2017 година покажа дека тоа може да го доведе партнерот до депресија бидејќи се чувствува запоставено.

Друго истражување пак покажа дека поврзаноста со телефонот, дури и кога не го користите, резултира со незадоволство во врската.

Не претерувајте со објавување на социјалните мрежи

Ако некогаш сте помислиле дека паровите кои често објавуваат заеднички фотографии се обидуваат да им покажат на сите дека се среќни, иако не се, науката е на ваша страна. Студија покажала дека честото објавување е исто така поврзано со незадоволство во љубовниот живот.

Договорете се околу периодот во кој ќе зборувате или пишувате пораки

Некои парови постојано сакаат да бидат во контакт, додека други ретко си испраќаат пораки. И двете опции се прифатливи, но доколку тоа им одговара на двајцата.

Обврските се важни и мора да се придржувате. Ако сте се договориле дека ќе бидете во контакт еднаш дневно, тогаш почитувајте го тоа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Барди во друштво на Роналдо, Мендиета, Ди Стефано, Негредо..!

Angela

Како да се однесувате на првиот состанок?

Angela

СЗО: Нема испораки на медицинска опрема поради ограничувањата на аеродромот

Angela