EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Светот на познатите

На крунисувањето на Чарлс е снимен непоканет гостин-дух: Многумина веруваат дека тоа е „Смртта со режа“ (ВИДЕО)

Во Велика Британија, на крунисувањето на Чарлс Трети, забележан е гостин, сличен на Смртта со режа, пишува Дејли Мејл.

На Твитер стана вирално видео на кое се гледа фигура во црна наметка и качулка како „лебди“ на патеката, држејќи предмет во раката што наликува на режа.

„Секоја голема забава привлекува непоканети гости, но обожавателите на кралското семејство се пошегуваа дека лично го забележале ангелот на смртта во Вестминстерската опатија за време на крунисувањето на Чарлс“, пишува колумнистката Марија Оканренде.

Видеото, кое стана хит на социјалните мрежи, оттогаш е прегледано неколку милиони пати.

Еден корисник на Твитер напиша: „Се појави мрачниот жетвар“. „Ова е како онаа сцената во филмот Егзорцист 3“, напиша друг корисник. „Дали е ова реално?“, некои прашуваа. Коментарите се бројни, а подеднакво бројни се и претпоставките за духот и за каков „непоканет“ гостин станува збор.

Потсетуваме, кралот Чарлс Трети (74) беше крунисан во саботата, 6 мај, а се искачи на тронот во септември 2022 година, кога неговата мајка почина на 96-годишна возраст.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Охриѓани претераа: Полнење телефон се наплатува и по 200 денари (фото)

Angela

ПОПЛАДНЕ НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ ОД ДОМА БЕЗ ЧАДОР – еве какво време не очекува денес, особено подгответе се за во следните денови

Angela

Црногорците „плакнат очи“ додека „вилицата им се кочи“ од жешката Сара Јо: Пејачката на јахта во бикини со „разиграни облини“ (ВИДЕО)

Angela