EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

НА ОВА МЕСТО ТРУПАШЕ СНЕГ ЦЕЛА НОЌ – среде пролет вистинска зимска идила и десетина сантиметри снег (ФОТО)

Промената на временските прилики и ниските температури изминатата ноќ резултираа со нова снежна покривка на скијачко-рекреативниот центар Попова Шапка. Луѓето од сместувачките капацитети и угостителски објекти на социјалните мрежи споделија фотографии од новата снежна атмосфера на Попова Шапка.

– Зимата никако да си оди. Ноќеска наврнаа 10-20 сантиметри снег на Попова Шапка. Но овој снег е мек и нема да биде добар за скијање. Со снегот имаме само прилика за нови фотографии преку кои ќе доловиме една снежна бајка на скијачкиот центар, изјави за МИА менаџер од угостителско-сместувачкиот објект „Конак“.

Ски-центарот Попова Шапка инаку уште на 19 март извести дека поради високите температури и немањето соодветни услови за скијање, официјално се затвора зимската сезона.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дневен хороскоп (03.12.2021)

Angela

Направете си сами миризлива бомба за капење и уживајте во топла купка

Angela

Дарко Чурлинов добил сепса, во болница е во Белград!

Angela