EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Светот на познатите

На Пике му се „подоги“ САД, шпанските медиуми велат дека таму е неговата стара љубов: Еве која е таа и премногу е слична на Клара Чиа!

Жерар Пике моментално престојува во САД, каде е во посета на синовите Милан и Саша кои живеат во Мајами со нивната мајка Шакира.

Поранешниот фудбалер има поминато многу време во САД низ годините, од претсезонските турнеи со Барселона до неговата работа во промовирање на спортски настани со Космос.

Интересно е што сега е откриено дека и една од неговите поранешни девојки живее во САД. Имено, како што пренесуваат шпанските медиуми, Пике имал љубовница пред Нурија Томас, Шакира и Клара Чиа, која се вика Ана Чека и која живее во САД.

Пике и Ана Чека беа заедно една година, помеѓу 2005 и 2006 година, иако нивната врска останува нешто како мистерија.

Во таа фаза од кариерата, Пике играл за Манчестер Јунајтед.

Иако поминале многу години оттогаш, шпанските медиуми тврдат дрка Пике и Ана одржуваат добри односи, а доказ за тоа е што нејзиниот Инстаграм профил го следи официјалниот профил на поранешниот дефанзивец на Барселона.

Чека моментално живее во Њујорк, па фановите се сомневаат дека повторно се гледаат. Претходно таа поминала извесно време во Мадрид, Дубаи и Лондон, и според некои медиуми, и во тие градови двајцата организирале средби.

Интересно е тоа што кога ќе се споредат фотографиите на Ана, Клара и Нурија, постои голема сличност меѓу трите жени, и сите се русокоси.

Сепак, Шакира беше досега најпознатата партнерка на Пике, но каталонскиот фудбалер со текот на годините се забавувал и со други жени, па прашање е колку е верен и на Клара Чиа.

Пике и Клара  неодамна го посетија Дубаи за нејзиниот роденден, пред Пике да замине на своето патување во Мајами за да ги види своите деца во нивниот нов град, каде што поминал со нив попладне на пица.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Целосно вакцинирано 35 проценти од населението, 38 отсто со една доза

Angela

ДРАМАТА КАКО ОД ШПАНСКА СЕРИЈА ПРОДОЛЖУВА – денес свекорот на вдовицата Николина Пишек со тврдење дека има список на мажи со кои спиела!

Angela

Гитара на основачот на „Пинк флојд“ продадена за над 27.000 долари

Angela