EXCLUSIVE MK
Занимливости

На повидок договор со посредство на ООН за заштита на биодиверзитетот во меѓународните води!

Земјите членки на Обединетите нации склучија заеднички договор за заштита на биодиверзитетот во меѓународните води, потег што треба да помогне во заштита на подводниот биодиверзитет.

Глобалните сили ветија милијарди евра во фондови со кои треба да се помогне во заштита на светските океани. На конференцијата беа презентирани 341 заложба, кои вредат скоро 18 милијарди евра, меѓу нив и 5 милијарди евра поддршка од САД. Европската Унија, пак, најави поддршка од 40 милиони евра за забрзување на ратификацијата на овој договор и помош во неговата имплементација, а планираат и дополнителни 800 милиони евра за заштита на океаните во 2023 година.

Точната содржина на договорот се` уште не е објавена, но активистите веќе го нарекоа „историски“ чекор кон заштитата на биодиверзитетот, но и бидејќи за истово се дебатираше речиси 15 години.

– Во суштина имаме само две глобални заеднички работи – атмосферата и океаните. Иако океаните можеби не привлекуваат толку многу внимание во јавноста, заштитата на половина од земјината површина е апсолутно критично за здравјето на нашата планета,- вели морскиот биолог, Ребека Хелм.

Со договорот се заштитуваат меѓународните води кои започнуваат од најмногу 370 километри оддалеченост од брегот и не се под јурисдикција на ниту една држава. Овие води, кои сочинуваат повеќе од 60% од океаните, долго време беа игнорирани од еколошките регулативи. Само околу 1% од меѓународните води досега беа предмет на заштита.

Кога договорот ќе стапи на сила треба да се создаде ново тело кое ќе менаџира со конзервацијата на океанскиот живот и воспоставување морски заштитени подрачја во меѓународните води. Договорот, исто така, воспоставува основни правила за мерење на еколошкото влијание на комерцијалните активности во океаните.

Многу морски видови, меѓу кои и делфините, китовите, морските желки и голем број видови риби, прават долги годишни миграции и ги преминуваат меѓународните води и државните граници. Претходните напори да се заштитат овие животни беа попречувани од големата мрежа на конфузни закони.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

МИЛИОНЕР И НЕГОВИОТ СИН ЗА ВЛАКНО ЈА ИЗБЕГНАЛЕ СМРТТА – оваа „поволна“ цена на картите го предомислило, а цената безобразно скапа!

Angela

Подобро е да не влегувате во автомобил со нив: Најлошите возачи се родени во овие три знаци

Angela

Дали знаете колку години наполни морнарот Попај?

Angela