EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА

На што се „палат“ мажите?

Помеѓу жените постои погрешно верување дека мажите се возбудуваат само при стимулирање на половите органи. Пенисот е првата и основна ерогена зона, но не и единствената. Ерогените зони кај мажите содржат преку 4 милиони нервни завршетоци чувствителни на допир. Кога овие нервни завршетоци се стимулирани, кај нив се будат сексуални чувства.

За да го зачините вашиот сексуален живот, возбудете го партнерот со стимулирање на нови ерогени зони, а не само на вообичаената – пенисот. Откријте ги оние ерогени зони, кои ни самиот тој можеби не знае дека ги има.

Многу е важен и начинот на кој ги истражувате неговите ерогени зони. Немојте да заборавите да покажете страст и нежност. Не плашете се да ја преземете контролата, на повеќето мажи им се допаѓа тоа. Пуштете заводлива музика и започнете со потрагата по точките што ќе го исполнат со сексуална енергија.

Скалпот и косата. На скалпот се концентрирани голем број нервни завршетоци кои предизвикуваат позитивни чувства кога се допирани. Нежно поминувајте низ неговата коса и нежно чешкајте го со вашите нокти на скалпот или направете му масажа на овој дел. Масажата е неверојатно релаксирачка во стресните моменти, но и заводлива. Некои мажи сакаат да бидат тргани за косата за време на секс. Според нив тоа ја покажува вашата желба за секс и делува многу еротски.

Усните. Усните се клучни во една романса. Мажите сакаат да се бакнуваат речиси исто колку и жените. Поминете некое време во мало истражување на неговите реакции, преку различните техники на бакнување. Пробајте да додадете и малку шмукање и нежно гризење при бакнувањето. На пример, фатете ја неговата долна уста помеѓу забите и нежно грицкајте ја и шмукајте ја. Повеќето мажи полудуваат на вакви креативни потези, за нив тоа е доказ дека се посакувани.

Ушите. Нервните завршетоци тука ги има во изобилие, а тоа значи огромно задоволство за вашиот партнер. Со помош на вашиот јазик, усните и прстите истражувајте во секој дел од неговото уво и најдете кои места се најчувствителни кај вашиот партнер. Не ја заборавајте областа зад увото. Само вашето дишење во увото е доволно за тој да се возбуди. Па, не бидете срамежливи и направете го тоа, шепнете му нежно нешто секси или кажете му колку уживате. Верувајте, ефектот е неверојатен.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Зошто мажите се плашат од обврзување?

Angela

Кои хороскопски знаци се склони на депресија?

Angela

Како да си ја зголемите желбата за секс?

Angela