Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ е казнет со еден натпревар неиграње поради учеството во инцидентот на натпреварот на неговиот тим против Мајами хит, објави НБА лигата.
Играчот на Мајами со кого Јокиќ влезе во конфликт, Маркиф Морис е казнет финансиски со 30.000 долари.
Никола Јокиќ поради тоа ќе го пропушти натпреварот против Индијана пејсерс кој ќе се игра доцна вечерва, а поради суспензијата ќе остане нешто повеќе од 200.000 долари.
Освен Морис кој намерно груго го фаулираше Јокиќ, кај Мајами е казнет и Џими Батлер поради „обидот да креира поголем инцидент“ ќе мора да плати 30.000 долари.
По инцидентот, Јокиќ изјави дека тоа беше глуп потег, додека неговиот тренер Мајкл Мелоун изјави дека неговиот кошаркар во иднина треба подобро да ги контролира емоциите, но во исто време ја разбира неговата реакција.
https://youtu.be/Yy8T53X_fx0