EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Неверојатни факти за храната што ја јадеме

Мислиме дека ја знаеме храната што ја јадеме, но тоа не е секогаш така. Има многу љубопитни тајни кои можеби не сте ги знаеле. Кокосовата вода може да се користи како замена за крвната плазма во случај на екстремна потреба. Храната во авионите не е особено вкусна, бидејќи нашето чувство за мирис и вкус опаѓа со 30% од високиот притисок на кабината при голема височина.

Има толку многу сорти јаболка што ако јадете по една на ден, ќе ви требаат над 20 години, за да ги пробате сите. Сирењето е најчесто краден прехранбен производ во светот, 4% исчезнуваат секоја година. За да направите чоколада од 100 грама, потребни се околу 1700 литри вода Медот не се расипува. Најстариот мед е откриен во 1922 година од страна на Хауард Картер – во гробницата на египетскиот фараон Тутанкамон. Тој е тестиран од биолози и се покажало дека уште е погоден за потрошувачка. Хамбургер на Мекдоналдс може да содржи месо од над 100 различни крави. Со теглите на Нутела продадени за една година, можете да го покриете Кинескиот ѕид осум пати. Луѓето генетски се програмирани да сакаат џем.

Ако се стави директно на кожата на подолг период , лукот може да предизвика изгореници од трет степен поради хемиските материи кои се содржат во него Ако сите луѓе станат вегетаријанци до 2050 година, тоа ќе спречи речиси 7 милиони смртни случаи на човекот годишно.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Неуромедика доби две награди на Balkan Medical Awards 2022

Angela

Здрава храна која прави да се чувствуваме уморно

Angela

Чудесното грчко семе може да го намали холестеролот и до 33 отсто

Angela