EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија НАСЛОВНА

Недвижностите во ЕУ за 11 години поскапеле 34 отсто, само во последната година за 7,3 отсто

Цените на кириите и куќите во ЕУ, според податоците на Еуростат, го продолжија својот континуиран раст во вториот квартал од 2021 година. Кириите пораснаа за 1,3 отсто, додека цените на куќите пораснаа дури за 7,3 отсто во споредба со вториот квартал минатата година.

Сличен раст имало помеѓу 2010 и вториот квартал од 2011 година, но од тој момент тие одат по свој патеки. Додека цената на киријата постојано растеше, цените на куќите варираа значително до вториот квартал од 2021 година. Помеѓу 2013 и 2014 година е забележано стабилно зголемување на цените на куќите, додека по 2015 година, цената на куќите почна да расте побрзо од кириите.

Од 2010 година, кириите се зголемија за 16 проценти, додека цените на куќите скокнаа за 34 проценти, објави Еуростат.

Кога ќе се спореди вториот квартал од 2021 година со 2010 година, цените на куќите пораснаа повеќе од кириите во 18 земји на ЕУ. Цените на куќите генерално пораснаа во 23 земји на ЕУ, а се намалија во само четири. Највисок раст е забележан во Естонија (133 проценти), Луксембург (111 проценти) и Унгарија (109 проценти). Пад на цените е забележан во Грција (-28 проценти), Италија (-13 проценти), Кипар (-8 проценти) и Шпанија (-3 проценти).

Моделот на движење на цените за изнајмување е малку поинаков. Цените се зголемија во 25 земји -членки на ЕУ, додека тие се намалија само во две. Највисок раст е забележан во Естонија (142 проценти), Литванија (109 проценти) и Ирска (66 проценти). Пад е забележан во Грција (-25 проценти) и Кипар (-3 проценти).

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Блеска од среќа и убавина: Бремената Анѓелка Прпиќ објави емотивно видео

Angela

Грешка што ја прават паровите кога сакаат да го подобрат својот сексуален живот

Angela

Теа Таировиќ за неа е НУЛА: Душица прима бакшиш секаде, на гради, во гаќички… (ВИДЕО)

Angela