EXCLUSIVE MK
Исхрана НАСЛОВНА

НЕМА КОЈ НЕ САКА ОБЛАНДИ! Рецепт кој им успева и на почетници (ВИДЕО)

Кога ќе се споменат обланди, веднаш помислуваме на детството. Нашите баби ги правеа најдобрите обланди, а ние ви претставуваме рецепт за едни.

Состојки:

700 гр шеќер

200 мл вода

150 гр маргарин

400 гр млеко во прав

200 гр кокос

100 гр бело чоколадо

100 гр црно чоколадо

2 кори големи обланди

1 киндер обланда

Подготовка:

Истурете ги шеќерот и водата во тенџере и измешајте. Омекнете ги малку двете чоколади. Во друг сад ставете го омекнатиот маргарин, млекото во прав и кокосот. Кога ќе го стопиме шеќерот го истураме во маргаринот, млекото во прав и кокосот.

Добро измешајте со миксер. Поделете на два дела. Во едниот ставете бело, а во другиот омекнато темно чоколадо.

Наполнете ги дупчињата на кружната киндер обланда со бел фил. Покријте со рамна обланда.

Превртете од другата страна, па со темниот фил пополнете ги празнините на киндер обландата. Покријте со обична обланда.

Притиснете ги обландите со некои книги да се стегнат 2-3 часа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кафето не е за секој: Па за кого тогаш?

Angela

ОД ГЛЕТКАТА ЌЕ ВИ СЕ ЗАВРТИ ВО УМОТ: Погледнете ја луксузната семејна оаза на Роналдо и Георгина (ФОТО)

Angela

Направете да копнее по вас, иако долго сте заедно

Angela