EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ ЗДРАВЈЕ Македонија Медицина НАСЛОВНА

Неуромедика доби две награди на Balkan Medical Awards 2022

30 годишното искуство на болницата Неуромедика како висококвалитетна медицинска установа го потврдија и членовите на жирито на “Balkan Medical Awards” кои одлучија оваа година да им доделат две награди “Болница на годината 2022’’ и “Најдобар менаџер за 2022”.

На свечениот настан “Balkan Medical Awards” кој се одржи на 17. јуни во Пловдив, во хотелот “Санкт Петерзбург”, наградите ги прими сопственикот и Генерален менаџер на Неуромедика Д-р Емил Угриновски кој им се заблагодари на организаторите и членовите на жирито за укажаната доверба.

Особено сум горд и среќен на овие награди за Неуромедика. Наградата за Неуромедика за најдобра болница доаѓа во многу важен период за нас кога одбележуваме јубилеј 30 години постоење. Да се основа и да се развива прв приватен здравствен бренд во Р. Македонија не беше лесно. Да се опстои 30 години на врвот во македонското и регионалното здравство е резултат само на посветено и континуирано инвестирање во нашите капацитети, во напредна медицинска апаратура и секако, можеби и најважно, ангажирање на најдобрите доктори и медицински кадар. Наградата за “Најдобар менаџер” што ја добив би сакал да ја посветам на моите вработени и на моето семејство кои неизмерно ме поддржуваат и ме прават да бидам успешен во она што го работам. Успешен менаџер се станува само ако сте опкружени со вреден и квалитетен тим на луѓе, а ние во Неуромедика го имаме баш тоа.” – истакна Д-р Емил Угриновски.

Добивањето на овие награди за Неуромедика е директен индикатор за нивното високо ниво на квалитет кое е постигнато низ посветеност и грижа за здравјето на пациентите во државата и регионот. 30 години Неуромедика работи на тоа поле, да се пружа современо и пристапно здравство за секого со напредна медицинска апаратура и еминентни лекари кои се експерти во своите области.

Болница Неуромедика е првиот приватен здравствен бренд во Р. Македонија и е позната по современиот пристап и напредната здравствена заштита за пациентите. Во изминативе 30 години значително ги подигнаа критериумите на здравството во државата преку континуирано инвестирање во медицинска апаратура и капацитетите. Нивната болница во центарот на Скопје е изградена по најмодерните светски болнички стандарди, а условите за грижа за пациентите се на највиско ниво.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Првиот снег направи хаос во Австрија

Angela

Внимавајте: Ако ве прашува ова, ве изневерува!

Angela

Еве зошто треба да се смеете секој ден

Angela