Во четвртокот се одржа втората полуфинална вечер за песна на Евровизија, а свечената вечер ја отворија водителките кои ја водеа и првата вечер – украинската пејачка Јулија Санина, актерката Хана Вадингем и пејачката Алиша Диксон.
Домаќинките на вечерта и овојпат заблескаа со своите стајлинзи, но вниманието дефинитивно го украде Хана, која гледачите можат да ја видат во бројни ТВ серии и филмови како „Ted Lasso“, „Les Miserables“, „Hocus Pocus 2“, „Sex Education“ и многу други.
WOW! That dress looks like it’s been painted on Hannah Waddingham. She’s so hot. #Eurovision pic.twitter.com/UaqzYZPZys
— Jason Reid (@JasonReidUK) May 11, 2023
Облечена во жолт, припиен фустан кој ги откривал нејзините гради и нозе, Хана изгледала како некој да го нацртал фустанот на неа. Креацијата била во облик на корсет, кој ја следел линијата на нејзиното тело, а позади имал долг шлеп до подот.
Вадингем го надополнила изгледот со жолти високи потпетици и нежен накит, а косата ѝ била собрана во низок реп.