EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Не ги избегнувајте лутите пиперчиња во исхраната

Лутиот вкус на пиперчињата потекнува од посебна состојка што се вика капсаицин. Колку повеќе капсаицин содржи, толку полута е пиперката.

Зошто лутите пиперчиња се здрави?

Капсаицинот не им дава само лутина на пиперчињата, туку и посебни лековити својства поради кои можеме да ги сместите во најздравите намирници во светот.

Делуваат антивоспалително

Благодарение на капсаицинот, чилито има антивоспалителни својства. Капсаицинот ја блокира супстанцијата Р која е поврзана со воспалителните процеси во организмот. Редовната консумација на чили може да послужи како одлична превенција на артритис.

Го поттикнува здравјето на кардиоваскуларниот систем

Докажано е дека лутите пиперчиња го намалуваат нивото на холестерол и триглицериди, па затоа го спречуваат создавањето на крвни грутки. Културите што постојано користат чили во исхраната многу поретко страдаат од срцеви болести, мозочен удар и тромбоза.

Го подобрува варењето

Лутиот вкус го стимулира апетитот и ја подобрува дигестијата. Храната што добро се вари му ги дава на телото неопходните хранливи состојки и енергија, додека храната што не се вари правилно, создава токсини. Поради тоа, добрата дигестија е клучна за здравјето.

Го хранат имунитетот

Интензивната црвена боја на чили пиперчињата сведочи за големото количество на бета-каротен или про-витамин А. Само неколку лажички чили дневно му даваат на телото дополнителна доза витамин Ц и А, кои се важни во превенцијата на инфекциите.

Спречуваат рак на простата

Истражувањата за рак на простатата покажале дека капсаицинот делува како вистински убиец на клетките со рак. По четири недели терапија со капсаицин, кај повеќето животни бил сопрен порастот на клетките со рак, а големината на туморот била значително намалена. За превенција на рак на простатата, се препорачува земање по 400 милиграма капсаицин три пати неделно.

Спречуваат чир на желудник

Долго време погрешно се сметало дека консумацијата на лута храна предизвикува чиреви на желудникот. Денес е потврдено дека лутите пиперчиња не само што не предизвикуваат чиреви, туку и ги спречуваат затоа што ги убиваат штетните бактерии и го стимулираат создавањето на заштитни желудочни сокови.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Њоки со тиквички се вистински летен оброк: Рецепт кој се спрема брзо и не содржи месо

nenad

Без хемикалии: Средство за чистење од лимон, лимета и оцет

Angela

Брз ролат со банани и посни бисквити, излегува доста, а многу е вкусен

Angela