EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Светот на познатите

Не спие со денови, се тепа со сопругот, а семејството крие ножеви од неа: Фановите загрижени по шокантниот документарец за Бритни Спирс

Објавен е најновиот документарец за Бритни Спирс насловен „TMZ Investigates: Britney Spears: The Price of Freedom“, кој открива бизарни детали за пејачката и ги шокира нејзините обожаватели.

-Спирс поголемиот дел од времето го поминува сама дома, изјави извршниот продуцент на TMZ, Чарлс Латибадиер.

Во документарецот се наведува дека Спирс пие огромни количини кафе и енергетски пијалоци и дека понекогаш може да спие три дена, а потоа да не спие со денови. Таа често има манични епизоди, поради што нејзиното семејство ги држи подалеку од неа сите ножеви во куќата, се наведува во документарецот.

Бритни е мајка на 17-годишниот Шон Престон и 16-годишниот Џејден, кои наводно ги нема видено повеќе од една година, а само повремено контактира со нив преку СМС пораки. Таа имала неколку физички пресметки со сопругот.

Инаку, веќе извесно време се шират гласини дека една година откако кажала ДА има брачни проблеми со Сем. Кон крајот на март беше снимена како се качува во приватен авион без сопругот, а на раката немаше ниту бурма. Да потсетиме, парот се венча во јуни минатата година по пет години врска и една година откако се свршија.

Се зборуваше дека тој е со неа само заради пари, а потоа беше откриено дека Спирс го заштитила нејзиното богатство од него. Младенците потпишале „цврст“ предбрачен договор кој ја штити секоја заработка што таа ја заработила пред венчавката, откриваат извори блиски до Бритни.

Некои се загрижија дека Сем сака да ја искористи и коментираа дека ја запросил пејачката во интересно време, откако таа стана самостојна, а нејзиниот татко Џејми Спирс повеќе не ги надгледува нејзините финансии.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Хоспитализираните во Пирогов се во стабилна состојба, еден денеска ќе биде опериран

Angela

Лепа Брена и Сенидах паднаа пред камерите додека се снимаа за промоцијата на концертот во Белград

Angela

НА 22 ГОДИНИ СФАТИВ ДЕКА НЕ МОЖАМ ДА ЗАБРЕМЕНАМ – Цеца водеше битка за потомство, а овие тешки детали од минатото ретко кои ги памети

Angela