Струмичанката Славица Ангелова привлече големо внимание во јавноста во целиот регион по триумфот во „Ѕвездите на Гранд“. Сепак, освен што убаво пее и што е паметна (студира медицина), малку се знае за оваа талентирана девојка. Причината за тоа е што Славица за време на натпреварот не сакаше да открива детали од приватниот живот, а така остана и по победата.
Нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид по победата призна дека Славица имала емотивни проблеми за време на натпреварот, но ѝ забранил на победничката да зборува за нејзиниот љубовен живот, пренесуваат српските медиуми.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Имено, Славица за време на натпреварот се зближила со колегата Велсан Зуловиќ од Бијело Поље, Црна Гора, а љубовта се разгорела токму на пробите, пишува grand.online.
– Се запознаа на натпреварот, беа на „здраво-здраво“, а се зближија на менторските часови кај Ѓорѓе. Љубовта се разгоре речиси на прв поглед на пробите, иако се трудеа тоа да го скријат од другите. Забележавме дека таму нешто се случува, но тие сепак не признаваат – изјави неодамна изворот и продолжи:
View this post on Instagram
-Многу се слатки, млади се, си одговараат еден со друг, но мислам дека се плашеа да ја обелоденат својата врска бидејќи натпреварот се уште траеше.
Потоа беше поканет за коментар нивниот ментор Ѓорѓе Давид, кој беше многу краток.
View this post on Instagram
– Како дознавте? Апсолутно нема да коментирам за ничиј љубовен живот. На сите им ја посакувам сета среќа и љубов на светот – накратко рече Ѓорѓе, додавајќи:
View this post on Instagram
– Полека, луѓе! Има време за се, натпреварувањето нека биде приоритет.
Но, како што заврши натпреварот, вистината излезе на виделина. Имено, Славица и Велсан се уште се во контакт и се голема поддршка еден на друг, иако тој не беше со неа на финалната вечер.
View this post on Instagram
Инаку, победничата на овогодинешната сезона на Ѕвездите на Гранд има 21 година, додека Велсан има 24. Завршил фризерско училиште, а во слободно време сака да лови риби.
Вели дека е упорен, а недостаток му е тоа што е нетрпелив, додека за музички идол го наведе Саша Матиќ.