EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Убавина

НИКОГАШ ПОЛЕСНО ДЕПИЛИРАЊЕ НА НАДУСНИЦИТЕ! Направете ја оваа ШЕЌЕРНА ПАСТА сами и безболно ослободете се од влакната!

Смесата за шеќерна паста можете да ја направите сами, дома. Предноста е што со користење на оваа метода нема да страдате од иритација на кожата и поткожни влакна. Плус, болката е неспоредливо мала.

По депилацијата со шеќерна паста кожата ќе биде бебешки мека и нежна затоа што нема несакани појави и алергии, со оглед на тоа што содржи исклучиво природни состојки.

Шеќерната паста се препорачува и за отстранување на влакната од интимните делови.

Состојки за нејзина подготовка:

¼ шолја сок од свеж лимон
¼ шолја вода
2 шолји шеќер

Сите состојки добро измешајте ги и ставете ги во длабок сад. Оставете ги да се варат на висока температура 4-5 минути.

Кога смесата ќе зоврие, тргнете ја и претурете во некој метален сад.

Пред да ја користите би требало да изгледа како карамелизиран шеќер за колачи.

Оставете ја да се олади, не премногу, па потоа започнете со депилацијата.

Упатство за депилација со шеќерна паста

Пред да започнете, темелно исчистете ја кожата. Најдобро би било на местото кое планирате да го депилирате да ставите малку пудра во прав за кожата да не се исуши. Внимавајте влакненцата да не бидат подолги од 5mm.

Смесата се нанесува спротивно од насоката на која растат влакната. Потоа залепениот дел од пастата се повлекува во правец на кој растат влакната и тоа е тоа.

По депилацијата кожата измијте ја со млака вода и намачкајте ја со млеко за тело или масло.

Депилацијата може да ја применувате 2 пати неделно, а подоцна преминете на 1 месечно затоа што влакната ќе се проретчат.

Имајте на ум дека истата паста не се користи повеќе пати!

Депилацијата со шеќерна паста е погодна и за жените кои имаат проблем со проширени вени и испукани капилари.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Денеска сончево и топло – само еден ден од велигденските празници ќе биде сончев, а сите останати ќе врне!

Angela

МЗ: Вчера се аплицирани 13 493 вакцини, 30 отсто од населението од 18 до 39 години примило барем една доза

Angela

Сопругата на Слоба Радановиќ нападната од поранешниот сопруг, еве низ каков пекол поминала три месеци по породувањето

Angela