EXCLUSIVE MK
Останато

Николиќ ги одбра одбојкарите кои ќе настапат на Европското првенство

Селекторот на одбојкарската репрезенетација на Македонија, Душко Николиќ го објави списокот на играчи на кои ќе смета за Европското првенство.

За разлика од минатото првенство има две промени, на местото од Милков и Андонов, во составот се Лука Костиќ и Филип Савовски.
На коректорската позиција ќе биде капитенот Никола Ѓорѓиев, а Ѓорѓи Ѓорѓиев и Филип Деспотовски ќе се менуваат на позицијата техничар. Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ и Васе Михаилов се примачите на црвено-жолтите, Ристо Николов, Филип Маџунков, Филип Савовски и Славе Наковсе нашите средни блокери, а либера Дарко Ангеловски и Филип Николовски.
Македонските одбојкари ќе работат во Скопје до сабота, а потоа ќе патуваат во Тампере. Македонија е во групата Ц заедно со домаќинот Финска, Русија, Холандија, Турција и Шпанија. Европското првенство почнува на 1. септември.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ботас најдобар во Турција, но Ферстапен го престигна Хамилтон во генералниот пласман

Angela

Франција останува стопроцентна во Токио: Ја преслуша и Шпанија во големото дерби

Angela

Ѓоковиќ потпиша македонско знаме по историскиот пласман во полуфиналето

Angela