EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ НАСЛОВНА

НИ ДОАЃА ЛАЗАРОВА САБОТА: Наберете го ова за во домот, но никако не правете една работа!

Оваа сабота е Лазарова Сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота.

На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. На овој ден обично се оди на река и се вели: „Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене“.

На овој ден се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните. Во Македонија групи девојчиња облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.

Во Македонија групи девојчиња облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

„Радио метроном“ ја отвора Неделата на франкофонскиот филм

Angela

191 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Angela

Емили Ратајковски ги покажа стомачните на сред улица: Нејзиниот аутфит нема да ве остави рамнодушни (ФОТО)

Angela