Со 4xe plug-in хибридната технологијата, Jeep Wrangler, Compass и Renegade 4xe се пионери во зелената еволуција на марката со 80-годишно искуство. Моделите од новата гама Jeep 4xe се поврзани, електрифицирани, забавни за возење и полни со еколошка технологија.
4xe означува подобрени перформанси
Електрифицираните модели на Jeep ја носат ознаката 4xe, како фокус кон постулатите за ефикасност, перформанси и одговорност.
Новата гама на Jeep 4xe останува верна на способноста на сите терени, додека во исто време се подобрува искуството на патот, со брз одговор и забрзување. Зголемениот вртежен момент генериран од електричниот погонски систем и моќта Jeep 4xe возилата да се прилагодат со екстремна прецизност, обезбедува дури и поголема способност на сите четири тркала на секаков терен, за предизвикувачки оф-роуд авантури.
Благодарение на plug-in хибридната технологија, CO2 емисиите се пониски од 50 g/km во хибриден режим а трошоците за одржување се намалени. Но, фокусот на Jeep кон одржливоста оди подлабоко од ова и започнува со производствениот циклус дизајниран така да најмалку можно влијае на животната средина.
Електрично сините детали во дизајнот ја означуваат новата гама на Jeep 4xe. Однадвор, новата гама на производителот задржува многу од дизајнот на моделите со мотор со внатрешно согорување, но се издвојува благодарение на впечатливите „електрично сини“ детали во дизајнот, како знак за распознавање на моделите.
Jeep Wrangler 4xe
Стандарден носител на новиот курс на Jeep може да биде само новиот Wrangler 4xe PHEV, електрифицираната верзија на легендата на Jeep со најголема способност, како и најмоќна, најефикасна, најодржлива и технички најнапредна досега.
Однадвор се издвојува по надворешните детали во електрично сина боја. Новиот Wrangler 4xe е резултат на вешта рамнотежа помеѓу најнапредната технологија и најслободниот и воедно најавтентичен дух на марката. Всушност, целосно ги задоволува ентузијастите за возење по терени, а благодарение на електрификацијата што ја зголемува неговата способност во исто време е идеално решение за оние што сакаат своето SUV возило да го користат секој ден и не сакаат да прават компромис со избирање помеѓу слобода, забава или почит кон околината.
Резултатот е 100% незапирлив Wrangler според традицијата на Jeep, но со дополнителна карактеристика – тој е и најеколошкиот и најквалификуваниот Wrangler за теренски авантури, на што се придодава целосно задоволство од возење на отворено. И перформансите остануваат апсолутни, па така забрзувањето од 0 до 100 км/ч се достигнува за само 6,4 секунди и испорачува до 380 КС комбинирана максимална моќност и вртежен момент од 637 Nm. Инаку, неговиот погон 4х4 во целосно електричен режим, со досега невидена контрола при ниски вртежи, располага со автономија за да помине 50 km (во градскиот циклус WLTP) и возење со нула емисија на штетни гасови. Ова е доволно за секојдневна употреба во градот. Времето за целосно полнење е помалку од 3 часа со можност за негово програмирање, а благодарение на функцијата за максимална регенерација Max Regen, батеријата се дополнува кога продолжувате да возите во лер.
Персонализација по вкус
Wrangler 4xe е опремен со два електрични мотогенератори, пакет високонапонски батерии, high-tech 2,0-литарски турбо бензински мотор и докажан осумстепен автоматски менувач TorqueFlite. Покрај тоа, моменталната достапност на вртежен момент и најдобрите перформанси се загарантирани од комбинацијата на турбо-бензинскиот и електричниот мотор, што го прави Wrangler 4xe незапирлив на патиштата. И токму тука, благодарение на технологијата 4xe, новиот Wrangler 4xe може да патува со погон на четири тркала во 100% електричен режим, гарантирајќи референтни теренски перформанси во целосна безбедност и задоволство.
Сето ова е обезбедено и надополнето со неспоредливата техничка опрема Trail Rated со која во зависност од нивото на опременост, вклучува два напредни системи за погон на четири тркала full time active on demand – Selec-Trac или Rock-Trac, со оските Dana next-generation, електричните блокирања на предниот и задниот Tru-Lock диференцијали, Trac-Lok диференцијалот со ограничено лизгање и електрично исклучување на предниот стабилизатор.
Гамата на новиот Wrangler 4xe е изразена преку три нивоа на опременост – Sahara 4xe, Rubicon 4xe и, само за оваа година, ексклузивното славеничко издание “80° Anniversario” 4xe и специфични тракала од 17 и од 18 инчи. Инаку, во линија со ставот за персонализација која отсекогаш го издвојувала Wrangler, има на расплагање десет бои на каросеријата. Сите решенија за хромирани детали во бројни конфигурации – soft top, hard top, power soft top и dual top – за неспоредливо возење под отворено небо, целосно во стилот на Wrangler.
Jeep Renegade и Jeep Compass 4xe
Jeep Renegade 4xe PHEV, SUV возилото кое е произведено во Италија, e појдовна точка на еволутивниот пат на Jeep кој, преку електрификацијата на гамата, на лидерот му придодава и софистицирани технологии, а притоа ги задржува историските вредности за авантура, автентичност, слобода и страст. Една година од лансирањето, Renegade 4xe го потврдува целосниот успех на моделот, co околу 6.000 новорегистрирани возила во Италија и водство во сегментот во 2021 година, co 4.000 продадени возила.